Здружението Лидери на Малцинствата за Општеството – ЛМО Штип во соработка со Здружението Меѓународни иницијативи за соработка – Мис од Бугарија, Ве поканува да земете учество во петдневна обука на тема: “Развој на одржлив бизнис”. Обуката ќе се одржи од 22ри до 26ти септември 2017 година во авантуристичката куќа Русалите, во близина на селото Бачево, општина Разлог, Бугарија. Обуката се спроведува во рамките на проектот “Интеррегионален туризам преку култури – ИТЦ” и е трета обука во рамките на проектот. Проектот е финансиран во рамките на Програмата “Интерег – ИПА ЦБЦ Бугарија – Македонија”. Здружението Мис е водечки партнер во проектот и ги извршува активностите во соработка со ЛМО Штип.

Целните групи кон кои е насочено учењето, се сопственици на мали и фамилијарни бизниси и луѓе со интерес во областа на алтернативниот туризам од 4 општини во Југозападна Бугарија – Разлог, Банско, Белица и Јакоруда и од 4 општини од Македонија од општините Штип, Виница, Кочани и Пробиштип. Ќе има можност да се надградат предусловите за соработка и развој на заеднички алтернативни туристички пакети во прекуграничната област.

За време на обуката, експертите ќе дадат практични совети за развојот на одржлив бизнис.

Ако сте заинтересирани да учествувате на обука, ве молиме да испратите пополнет формулар за регистрација до 20ти септември 2017 година (среда) до 13:00 на следнава е-маил адреса: mls_macedonia@yahoo.com или да потврдите Вашето учество на телефон: 077/566-118