Здружението Лидери на Малцинствата за Општеството – ЛМО Штип во соработка со Здружението Меѓународни иницијативи за соработка – Мис од Бугарија, Ве поканува да земете учество во петдневна обука на тема: “Чување и заштита на природното и културно наследство”. Обуката ќе се одржи од 25ти до 29ти јули 2017 година во Изгрева во с. Бања, општина Разлог, Бугарија. Обуката се спроведува во рамките на проектот “Интеррегионален туризам преку култури – ИТЦ” и е трета обука во рамките на проектот. Проектот е финансиран во рамките на Програмата “Интерег – ИПА ЦБЦ Бугарија – Македонија”. Здружението ЗНД е водечки партнер во проектот и ги извршува активностите во соработка со ЛМО Штип.

Целните групи кон кои е насочено учењето, се сопственици на мали и фамилијарни бизниси и луѓе со интерес во областа на алтернативниот туризам од 4 општини во Југозападна Бугарија – Разлог, Банско, Белица и Јакоруда и од 4 општини од Македонија од општините Штип, Виница, Кочани и Пробиштип. Ќе има можност да се надградат предусловите за соработка и развој на заеднички алтернативни туристички пакети во прекуграничната област.

За време на обуката експертите ќе ги запознаат учесниците со различни идеи и методи за зачувување и заштита на природното и културното наследство во регионот, кое подоцна да доведе до зголемување на интересот од страна на туристите.

Ако сте заинтересирани да учествувате на обука, ве молиме да испратите пополнет формулар за регистрација до 20ти јули 2017 година (четврток) до 13:00 на следнава е-маил адреса: mls_macedonia@yahoo.com или да потврдите Вашето учество на телефон: 077/566-118