Здружението Лидери на Малцинствата за Општеството – ЛМО Штип во соработка со Здружението Меѓународни иницијативи за соработка – ЗНД од Бугарија, Ве поканува да земете учество во петдневна обука на тема: “Управување на природното и културно наследство”. Обуката ќе се одржи од 1ви до 5ти септември 2017 година во Хотел Изгрев, Штип. Обуката се спроведува во рамките на проектот “Интеррегионален туризам преку култури – ИТЦ” и е втора обука во рамките на проектот. Проектот е финансиран во рамките на Програмата “Интерег – ИПА ЦБЦ Бугарија – Македонија”. Здружението ЗНД е водечки партнер во проектот и ги извршува активностите во соработка со ЛМО Штип.

Целните групи кон кои е насочено учењето, се сопственици на мали и фамилијарни бизниси и луѓе со интерес во областа на алтернативниот туризам од 4 општини во Југозападна Бугарија – Разлог, Банско, Белица и Јакоруда и од 4 општини од Македонија од општините Штип, Виница, Кочани и Пробиштип. Ќе има можност да се надградат предусловите за соработка и развој на заеднички алтернативни туристички пакети во прекуграничната област.

За време на обуката, експертите ќе дадат практични совети и насоки за одржливо управување со природното и културното наследство во регионот, што ќе доведе до зголемување на интересот на туристите.

Ако сте заинтересирани да учествувате на обука, ве молиме да испратите пополнет формулар за регистрација до 24ти август 2017 година (четврток) до 13:00 на следнава е-маил адреса: mls_macedonia@yahoo.com или да потврдите Вашето учество на телефон: 077/566-118