Здружението Лидери на Малцинствата за Општеството – ЛМО Штип во соработка со Здружението Меѓународни иницијативи за соработка – Мис од Бугарија, Ве поканува да земете учество на тридневниот “Културно туристички саем”. Саемот ќе се одржи од 13ти до 15ти октомври 2017 година во Хотел Изгрев, Штип. Саемот се спроведува во рамките на проектот “Интеррегионален туризам преку култури – ИТЦ” и е петта активност во рамките на проектот. Проектот е финансиран во рамките на Програмата “Интерег – ИПА ЦБЦ Бугарија – Македонија”. Здружението МИС е водечки партнер во проектот и ги извршува активностите во соработка со ЛМО Штип.
Целта на саемот за културен туризам е да ги собере сите актери од областа на туризмот од целните општини во проектот – Разлог, Банско Белица и Јакоруда за Бугарија и Штип, Пробиштип, Виница и Кочани за Македонија. Ќе бидат изложени сите идентификувани природни и културни локалитети и услуги кои имаат потенцијал да се развијат како туристички атракции, локални производи и ќе бидат претставени специфични традиции и обичаи. Саемот ќе биде придружен со културни настани кои ја претставуваат културната и етничката разновидност во регионот. На настанот ќе учествуваат и 20 претставници од туристичката сфера (сопственици на мали или семејни бизниси, куќи за гости и локални производители) од Бугарија.
Културно туристичкиот саем ќе се одржи во рок од 3 дена во градот Штип, бидејќи настанот ќе обезбеди можност за размена на добри практики и вмрежување.
Ако сте заинтересирани да учествувате на саемот, ве молиме да испратите пополнет формулар за регистрација до 5ти октомври 2017 година (четврток) до 13:00 на следнава е-маил адреса: mls_macedonia@yahoo.com или да потврдите Вашето учество на телефон: 077/566-118