Здружението Лидери на Малцинствата за Општеството – ЛМО Штип во соработка со Здружението Меѓународни иницијативи за соработка – МИС од Бугарија, Ве поканува да земете учество на завршната конференција која ќе се одржи на 15ти јануари 2018 година во Хотел Александар Парк, Виница. Завршната конференција се спроведува во рамките на проектот “Интеррегионален туризам преку култури – ИТЦ” и е последна активност која се организира во рамките на проектот. Проектот е финансиран во рамките на Програмата “Интерег – ИПА ЦБЦ Бугарија – Македонија”. Здружението МИС е водечки партнер во проектот и ги извршува активностите во соработка со ЛМО Штип.
Целните групи кон кои е насочена конференцијата, се сопственици на мали и фамилијарни бизниси, општини и општински претставници, невладини организаци, медиуми, и луѓе со интерес во областа на алтернативниот туризам од 4 општини во Југозападна Бугарија – Разлог, Банско, Белица и Јакоруда и од 4 општини од Македонија од општините Штип, Виница, Кочани и Пробиштип.
На конференцијата ке дознаете повеке за резултатите од проектот и истражувањето направено во рамките на проектот за таргетираните општини, зошто е важно да се промовира туризмот во Вашата општина и експертски анализи и можности за финансирање на алтернативните форми на туризам.
Ако сте заинтересирани да учествувате на конференцијата, ве молиме да испратите емаил за регистрација до 10ти јануари 2018 година (среда) до 13:00 на следнава е-маил адреса: mls_macedonia@yahoo.com или да потврдите Вашето учество на телефон: 077/566-118