Од 13ти до 15ти октомври 2017 година во Штип, Македонија, Здружението Лидери на Малцинствата за Општеството – ЛМО Штип во соработка со Здружението Меѓународни иницијативи за соработка – Мис од Бугарија, одржа „Културно туристички саем”.
Саемот се спроведе во рамките на проектот “Интеррегионален туризам преку култури – ИТЦ” и беше петта активност во рамките на проектот. Проектот е финансиран во рамките на Програмата “Интерег – ИПА ЦБЦ Бугарија – Македонија”. Здружението МИС е водечки партнер во проектот и ги имплементира активностите во соработка со ЛМО Штип.
Целта на саемот беше да се соберат на едно место различни актери и стејкхолдери во полето на туризмот од целниот регион. Воедно на саемот се презентираа различни места, услуги и локални производи, заедно со специфични традиции и обичаи. Саемот беше придружен со културни и едукативни активности.
На настанот презентираа повеќе од 60 претставници од туристичката сфера (сопственици на мали или семејни бизниси, куќи за гости и локални производители) меѓу кои и 20 од Бугарија.