Од 1-ви до 5-ти септември 2017 во Штип, Македонија, Здружението Лидери на Малцинствата за Општеството – ЛМО Штип во соработка со Здружението Меѓународни иницијативи за соработка – МИС од Бугарија одржа обука на тема „Управување со природно и културно наследство“.

Обуката се спроведе во рамките на проектот “Интеррегионален туризам преку култури – ИТЦ” и беше втора обука во рамките на проектот. Проектот е финансиран во рамките на Програмата “Интерег – ИПА ЦБЦ Бугарија – Македонија”. Здружението МИС е водечки партнер во проектот и ги имплементира активностите во соработка со ЛМО Штип.

На обуката учествуваа сопственици на мали и фамилијарни бизниси и луѓе со интерес во областа на алтернативниот туризам од Бугарија (Разлог, Банско, Белица и Јакоруда) и Македонија (Виница, Штип, Кочани и Пробиштип).

За време на обуката, експертите даваа практични совети и насоки за одржливо управување со природното и културното наследство во регионот со цел да се дојде до зголемување на интересот на туристите. Исто така се надградија и предусловите за соработка и развој на заеднички алтернативни туристички пакети во прекуграничната област.

Во рамките на програмата беа организирани и неколку посети на бизниси и места поврзани со алтернативниот туризам во целниот регион.