На 15-ти јануари 2018 во Виница, Македонија се одржа завршната конференција во рамки на проектот “Interregional Tourism through Cultures (ITC)” (на македонски: „Интеррегионален туризам преку култури – ИТЦ”). Проектот е финансиран во рамките на Програмата “Интерег – ИПА ЦБЦ Бугарија – Македонија”. Здружението МИС е водечки партнер во проектот и ги имплементира активностите во соработка со ЛМО Штип.

Темата на конференцијата беше „Туристичкиот потенцијал на прекуграничниот регион: идни идеи за развој“. На конференцијата учествуваа 50 учесника. За време на конференцијата беа претставени сите фази од проектот како и постигнатите резултати од истите, беше направен преглед на позитивните страни, а воедно беа претставени и можностите за развој на алтернативни форми на туризам.

Истовремено, учесниците имаа можност да видат изложба на фотографии на која беа прикажани некои од алтернативните туристички локации и услуги идентификувани во текот на проектот. Конференцијата заврши со етно музичка програма.